18. ТРАДИЦИОНАЛНИ ЈУРУЧКИ СВЕЧЕНОСТИ ОДРЖАНИ ВО ГОЛЕМА СВЕЧЕНА АТМОСФЕРА
Kültürel 14.09.2026
радиционалните Јуручки свечености, организирани по 18-ти пат од Здружението на Турците од Источна Македонија, беа одржани во Тополница во духот на културата, единството и пријателството.
На свеченоста присуствуваа државниот министер на Република Северна Македонија Зулфикар Зејнулах, пратеникот Бејџан Иљас, пратеничката Моника Трајанова, градоначалникот на Радовиш Љупче Почивалеќ, координаторката на ТИКА во Скопје Шејма Бабајиќ и советникот за внатрешни работи при Амбасадата на Република Турција во Скопје Илкер Чакмак.
Од Турција, на свеченоста присуствуваа градоначалникот на Тавшанли Али Кемал Динер, градоначалникот на Чинарџик Авни Курт, градоначалникот на Чифтликкој Адил Јеле, градоначалникот на Ташкепру Исмаил Арслан и членот на Советот на Општина Ергене Тунџер Ќојлу.
На настанот присуствуваа и претставници на здруженија, политички партии, институции и организации, како и голем број припадници на турската заедница од Северна Македонија и од странство.
Во рамките на програмата беа одржани натпревари во пеливанско борење, традиционални спортски активности и фолклорни настапи. Во завршниот дел од свеченоста настапи Ахсен Алмаз од Турција, а со придружба на Bari Band Orkestar настапи и познатиот ромелиски уметник Џунeјт Шентурк.
Традиционалните Јуручки свечености, кои се одржуваат веќе 18 години, претставуваат значаен настан за зачувување на културата, историското наследство и традициите, нивно пренесување на идните генерации и зајакнување на единството и заедништвото.
Упатуваме искрена благодарност до сите претставници на институциите, градоначалниците, организациите, уметниците, спортистите и сите учесници од Северна Македонија и од странство кои беа дел од оваа значајна манифестација.
Посебна благодарност упатуваме до YTB – Управата за Турците во странство и сродните заедници, TİKA – Турската агенција за соработка и координација, Фондацијата „Мимар Синан“ од Едрене, како и до нашите поддржувачи од Северна Македонија: Рудникот „Бучим“, Општина Радовиш, Adora Engineering и Општина Центар Жупа.
Здружението на Турците од Источна Македонија ќе продолжи да ги зачувува и пренесува јуручката култура, традициите и духот на заедништвото на идните генерации.